ЈА БАРААТ ДЕВОЈКАТА ШТО ГИ ПРИЈАВИЛА - скандалозната Јавна соба повторно е активна

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2021
Членовите на групата „Јавна соба“ на Телеграм ја бараат девојката која во полиција пријавила дека таму се објавуваат фотографии и лични податоци од девојки од Македонија, објави порталот Прес 24.
Групата сѐ уште е активна и во овој момент брои над 6.100 членови кои разменуваат експлицитни фотографии. Откако вчера Сител објави дека групата повторно е активирана членови на групата објавуваа фотографии од можни девојки кои ја пријавиле групата.
Во меѓувреме, расте револтот на социјалните мрежи. Граѓани бараат полицијата да се активира и да ја блокира групата, но се бара и одговорност за креаторот и за членовите кои споделуваат лични податоци од девојки.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почнува првата фаза од пописот, оние кои се во странство може да се самопопишат

Георгиевски советува како да се реши македонско - бугарскиот спор

Заев повторно се бори за лидер на СДСМ, над 80.000 членови ќе можат да гласаат

Куќен притвор за малолетникот кој со автомобил го удри Јота

Најмладиот починат од коронавирус е 43 годишен пациент од Делчево

Во неколку градови порасна бројот на хоспитализирани поради коронавирусот
