ЈА КАЗНИЈА СРПСКА ЛИСТА: Во спот Косово го прикажаа како дел од Србија
Објавено во: Балкан 29 Септември, 2019
Казна од 30 илјади евра „заработи“ Српска листа, затоа што во спот го прикажува Косово како дел од Србија.
„Кога Србија ме повикува јас го давам својот глас“, се вели во спотот.
Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП) при косовската Централна изборна комисија ја казни со 30 илјади евра партијата Српска листа (СЛ), поради објавување рекламен спот во кој Косово се прикажува како дел од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што објави телевизијата КТВ, ПЗАП оцени дека преку овој спот, кој е дел од кампањата за изборите што ќе се одржат идната недела, на 6 октомври, најголемата партија на косовските Срби предизвикала меѓуетничка омраза во Косово.