ЈА НАДМИНАА МАКЕДОНИЈА: Минималецот им порасна
Објавено во: Економија 17 Мај, 2019
Од 1 јули минималната плата во Црна Гора ќе изнесува 222 евра.
Ова е договорено на седница на социјалниот совет. Но, ќе има и преговори до крајот на годината тој да се зголеми на половина од просечната плата, односно 250 евра.
Владата предложи зголемување на просечната плата за 15% на 222 евра.
Претходно минималецот беше 193 евра. За споредба, во Европската Унија минималецот е на 40% од просечната заработка.