Ја нападнал сопругата во Аеродром и добил притвор
Објавено во: Македонија 06 Август, 2022
Во четвртокот полициски службеници од полициската станица Аеродром го лишиле од слобода В.Д.(42) од Скопје затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата поранешна 39-годишна сопруга.
„По целосно документирање на случајот, на 5 август 2022, Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, во консултација со Јавен обвинител, против В.Д. поднесе кривична пријава по итна постапка, а од судија за претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор“, објави МВР.