14 Јули, 2025
0.0386

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА ЧЕЛО“: „Нека гукнат!“, вели Ванковска

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2025 08:46

Добивај вести на Viber

На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, се огласи професорката Билјана Ванковска.
На денешен ден неранимајковци го потпишаа Преспанскиот договор за да влеземе во НАТО. Седум години подоцна во пресрет на Самит на НАТО чекаме САД отворено да го нападне Иран. Медиумите наголемо во орвелијански стил тврдат дека Иран си го барал и тие мораат да нѐ спасуваат. Ова отиде предалеку. И геноцид, една прокси војна и сега нова отворена војна. Што уште се чека?

Мојата минатогодишна заложба беше: напуштање на НАТО и воена неутралност. Сега и моите соборци од разни делови на светот велат дека императив за мир во светот е работа внатре во секоја држава членка, во насока на мобилизирање на јавното мислење и притисок врз политичките елити да посегнат по членот 13 од Вашингтонскиот договор и излезат од НАТО. САД треба да се остават сами. Да се знае која е Империјата на Злото.

Ја повикувам Силјановска да стави прст на чело, наместо да затвора уши кога слуша гранатирање на воени вежби во Криволак и се слика со најдобрата ѝ другарка, американска амбасадорка. Прашувам дали Мицкоски уште мисли дека про-Трамп групацијата е местото во кое припаѓа Македонија? Нека гукнат!“ напиша таа.



Можеби ќе ве интересира

Пожар во Злокуќани - горат куќи

Пожар во Злокуќани - горат куќи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Двојно убиство и самоубиство поради нерасчистени имотно - правни односи го потресе Прилеп

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Двојно убиство и самоубиство поради нерасчистени имотно - правни односи го потресе Прилеп

ИМА 15 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО: Aнгелов кажа каде е најкритично

ИМА 15 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО: Aнгелов кажа каде е најкритично

АВСТРИЈА ГО БАРАЛА СО ПОТЕРНИЦА: Уапсен е македонски државјанин во Тирана

АВСТРИЈА ГО БАРАЛА СО ПОТЕРНИЦА: Уапсен е македонски државјанин во Тирана

УБИЕЦОТ ОД ПРИЛЕП ГО ПОКАНИЛ ВНУКОТ ДОМА: Инсистирал тој да го донесе и син му

УБИЕЦОТ ОД ПРИЛЕП ГО ПОКАНИЛ ВНУКОТ ДОМА: Инсистирал тој да го донесе и син му

(ВИДЕО) НИКОЛОСКИ: Голем ден, дел од автопатот Охрид – Кичево е пуштен во сообраќај

(ВИДЕО) НИКОЛОСКИ: Голем ден, дел од автопатот Охрид – Кичево е пуштен во сообраќај

АРСОВСКА ДО ТОШКОВСКИ: Панче, да постапеше пред 2 месеци по заканите, ништо од ова немаше да се случи

АРСОВСКА ДО ТОШКОВСКИ: Панче, да постапеше пред 2 месеци по заканите, ништо од ова немаше да се случи

НАПРАВЕНА Е КОНТРОЛА ВО СТРУМИЦА: Oсум лица се движеле во шума, а немале дозвола

НАПРАВЕНА Е КОНТРОЛА ВО СТРУМИЦА: Oсум лица се движеле во шума, а немале дозвола

ГО ФАТИЛЕ НА НАДЗОРНА КАМЕРА: Maж подметнал пожар во Делчево

ГО ФАТИЛЕ НА НАДЗОРНА КАМЕРА: Maж подметнал пожар во Делчево