19 Април, 2024
0.3379

JA ПРОМОВИРА МАКЕДОНИЈА: Идната година ќе донесе десетина тури полски туристи

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во текот на 2016 година како студент престојувала во Скопје 6 месеци, во 2015 година се вратила пак во нашата земја на два дена на пат за Албанија, а денес има блог преку кој ја промовира Македонија како туристичка дестинација, и веќе носи тури со туристи.

Јустина Млецзак од Полска  вели дека веќе не брои колку пати била во нашата земја, па дури и го изучува македонскиот јазик. Сака да ја промовира Македонија за Полјаците, а со тоа и да донесе што повеќе гости.

„Многу сум возбудена, идната година во Македонија ќе донесам 7 тури со туристи, а може да бидат и повеќе од 10“, вели таа.

Почнала да објавува содржини за Македонија на блог, со цел да го задржи вниманието на луѓето, но бидејќи организирала туристички тури за Албанија, почнала да носи гости и во Охрид. Вели дека со текот на времето, нејзиниот блог созреал и станал богат со содржини.

„Наоѓам текстови, а со малку повеќе напори, доловувам некои локални перспективи, лични приказни, за да ги натерам моите читатели да размислуваат и да ги охрабрам да истражуваат. Целта ми е да им покажам на полските агенции дека Македонија  не е само Скопје и Охрид, туку многу повеќе. Моја понатамошна цел e да ги доведам учениците и студентите и да им покажам дека има различни погледи, култури и начин на живеење кој не е застрашувачки, но е фасцинантен. Ние го знаеме Балканот како буре барут. Погрешно!“, раскажува водичот.

Македонија е богатство за сите, додава таа.  Млецзак вели дека оној кој сака да ги задоволи своите сетила за вкус и мирис, треба да учествува во кулинарска или винска турнеја. Треба да се видат и џамиите, црквите, манастирите, кањонот Матка.

„Но, секогаш велам дека кога сте во Македонија, не треба да ја пропуштите можноста да се сретнете со локалното население. Одвојте време, пијте кафе и дозволете си да дишете“, вели таа.

Ги сака македонските јадења, ајвар со сирење, пиперки на многу начини, бурек со спанаќ и јогурт,  а  кога ќе дојде во земјава вели дека се чувствува како дома.

За неа Македонија е земја на насмеани луѓе и така би ја опишала во една реченица. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?