Ја тужел државата за нива - наместо пари добил воз
Објавено во: Свет 20 Март, 2017
Еден фармер во северна Индија неочекувано стана сопственик на воз.
Сампуранг Синг од Пенџаб во 2012 година на железници продал нива за изградба на пруга.
Но, не добил 150.000 долари како што било планирано со договорот.
Тој тужел и пресудата била во негова корист.
Сепак, од железница одговориле дека немаат пари и му дале воз наместо пари.
Адвокатот вели дека фармерот не добил ни половина од сумата на парцелата, затоа што возот не вреди.
Од судот има предупредување дека ако не соберат пари да му платат за парцелата од железници, возот ќе биде продаден на аукција и фармерот ќе добие пари.