27 Мај, 2022
0.0234

ЈА ВРЗАЛ ЗА ВОЛАН, И СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ЈА УБИЕ, И СТАВИЛ КАМЕРИ ВО СТАНОТ: 67-годишен маж киднапирал 22-годишна девојка на Истра

Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2022

Државното правобранителство во Пазин, Хрватска излезе со соопштение за случајот со киднапирањето во Истра. 67-годишен маж е осомничен дека киднапирал девојка, ја држел во автомобил, ја врзал за воланот и и се заканувал дека ќе ја убие. Покрај тоа, тајно ја снимал во нејзиниот стан.

„На 11 јануари 2022 година, Општинското државно правобранителство во Пазин сослуша хрватски државјанин (1954) поради основано сомнение за сторени кривични дела противправно лишување од слобода од член 136 став 1 од Кривичниот законик, неовластено аудио снимање и прислушување. 143 ст.1 од КЗ, неовластено видео снимање од чл.144 ст.1 од КЗ, наметливо однесување од чл.140 ст.1 од КЗ и закани од чл.139 ст.2. КЗ“, пишува во соопштението на обвинителството.

„Постои основано сомнение дека на почетокот на декември 2021 година и на 06.01.2022 година, во град и место во Истра, 67-годишниот осомничен, против волја врзал хрватска државјанка (1999 година) за воланот од возилото, а во исто време и се заканил дека ќе ја убие, а во еден момент извадил пиштол, наведуваат од ДОРХ.

„Постои основано сомнение дека осомничениот во текот на ноември и декември 2021 година поставил уреди за снимање видео и звук во станот во кој живее жртвата, со што неовластено ја снимал и фотографирал, соопштуваат од обвинителството.


Можеби ќе ве интересира

Грција во ОН ќе се жали за турските провокации за островите во Егејското Море

Грција во ОН ќе се жали за турските провокации за островите во Егејското Море

Жена избоде друга жена на судење во Врање

Жена избоде друга жена на судење во Врање

НЕМАВМЕ ПРОБЛЕМИ СО ШЕЌЕРОТ, ТУКУ СО ЕДЕН ТАЈКУН КОЈ САКАШЕ ДА ЗАРАБОТИ ГОЛЕМИ ПАРИ - Вучиќ за недостатокот

НЕМАВМЕ ПРОБЛЕМИ СО ШЕЌЕРОТ, ТУКУ СО ЕДЕН ТАЈКУН КОЈ САКАШЕ ДА ЗАРАБОТИ ГОЛЕМИ ПАРИ - Вучиќ за недостатокот

Вакво невереме немаме видено со децении – град со големина на тениски топчиња паѓал во Хрватска

Вакво невереме немаме видено со децении – град со големина на тениски топчиња паѓал во Хрватска

Бегалците од Украина до 1 јуни треба да ги напуштат бугарските хотели

Бегалците од Украина до 1 јуни треба да ги напуштат бугарските хотели

Хрватска да не ја пушта Србија во ЕУ, ако не се откаже од „митот Јасеновац“

Хрватска да не ја пушта Србија во ЕУ, ако не се откаже од „митот Јасеновац“

Бугарската полиција најде седум тела во шума

Бугарската полиција најде седум тела во шума

Во Албанија уапсен Исмаил Морина, кој леташе дрон на стадионот во Белград

Во Албанија уапсен Исмаил Морина, кој леташе дрон на стадионот во Белград

(ВИДЕО) ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ: Полуголи мажи со бoксови и клоци се тепаа на семафор

(ВИДЕО) ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ: Полуголи мажи со бoксови и клоци се тепаа на семафор