ЈАХТАТА НА ТИТО ГО ЧЕКА СВОЈОТ КУПЕЦ: И ја намалија и цената
Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2019
Повторно се продава луксузната јахта на Тито, Црногорската влада објавила ново наддавање за продажба на „Јадранка“ и притоа ја намалила цената за 30.000 евра. Односно од 80.000 јахатата сега е на продажба за 50.000 евра.
Јахта „Јадранка“ која Тито ја имал на располагање е изградена во 1977 година. Во моментот таа се наоѓа во пристаништето Бар, пренесуваат медиумите од регионот.
Како што истакнуваат од црногорското Министерство за одбрана во јахтата е вграден најквалитетен и најлуксузен материјал за тоа време, од махагони до тиковина, додека преградите се изработени од специјални челични легури. Во бродот има три салони за дневен престој, два апартмани и две помошни кабини за гости. Имала 8 лежаи, а на дневен престој можела да прими 30 гости.
Медиумите од регионот велат дека Претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито со неа пловел 24 пати.
Фото Википедија