29 Септември, 2024
0.0314

ЈАКИМОВСКИ ИМА КУЌА ОД 320 МЕТРИ КВАДРАТНИ ВО СКОПЈЕ, НО И ДРУГ ИМОТ - кога ќе станат јавно достапни анкетните листови на новите градоначалници

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Старо-новиот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски од редовите на ГРОМ има доставено анкетен лист до Антикорупциска комсија, но се уште не е официјално поставен на нивната веб страница, поточно се уште не е јавно достапен.

„Фокус“ го обезбеди неговиот анкетен лист согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, каде може да се забележи, како што забележува Фокус, дебело имотно досие на актуелниот градоначалник, кој официјално стапи на функција на 4 ноември, годинава.

На неколкуте страници во анкетниот лист, Јакимовски образложил дека поседува семејна куќа од 320 метри во Скопје во вредност од речиси 179 илјади евра. Исто така, актуелниот градоначалник поседува и земјиште од 80 метри квадратни, кое го купил пред четири години, во 2017 година.

Притоа, во анкетниот лист, тој пријавил два автомобили, од кои едниот е „фолсваген фито“, кој што го купил во 2017 година за 10.000 евра, а истата година купил и БМВ Х5 прозведено во 2009 година во вредност од 18.700 евра.

И друг вид на имот бил наведен во Анкетниот лист на Јакимовски.

Инаку, локалните избори завршија на 31 октомври годинава, а поранешните но и новоизбраните функционери имаат обврска да ги достават податоците за својата имотна состојба најдоцна во рок од 30 дена. Но, и по поминати речиси два месеци, имотната состојба на новите градоначалници не се објавува на веб страната на Државната комисија за спречување на корупцијата. Образложението од ДКСК за Фактор, пред неколку дена, беше дека се стигнати огромен број на податоци, и од новите, но и од ппоранешните градоначалници и советници, и дека поради преголемиот обем на податоци, тие не можат да се обработат и да се постават на веб стграницата. Сепак, ова се податоци кои се од навистина голем интерес за јавноста, и нивното објавување не треба да се одолговлекува. 

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато