25 Април, 2024
0.0269

Јакимовски заглави во полициска станица, општински службеници се носат на суд

Објавено во: Финансии 08 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Додека поранешниот градоначалник на Карпош и претседател на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, се уште е во полициската станица Пролет, службеници од општината и негови поранешни соработници се спроведуваат во судот, кој треба да одлучи дали ќе им одреди мерки на претпазливост.

Финансиската полиција на распит ги донесе лицата кои се осомничени за злоупотреба на службената положба во делот на три јавни набавки во општина Карпош, за време на мандатот на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски, кој исто така беше приведен во врска со овие случаи.

Финансиската полиција освен против Јакимовски поднесе кривична и за М.Д. во својство на раководител на секторот за Јавни набавки, Н.Н. во својство на помошник раководител на секторот за финансиски прашања, С.М. во својство на раководител на одделението за норматива во правниот сектор и А.С. раководител на одделението за сметководство.

Тие се спроведени во судот каде судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе има мерки на претпазливост, додека Јакимовски и натаму се наоѓа во полициска станица.

Петстотини и деведесет и пет илјади евра или 36.634.675 денари е оштетен буџетот од страна на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица, соопшти финансиската полиција која ги гони за три јавни набавки.

Финансиската полиција освен против Јакимовски поднесе кривична и за Раководителот на секторот за Јавни набавки (М.Д.), помошник раководителот на секторот за финансиски прашања (Н.Н), раководителот на одделението за норматива во правниот сектор (С.М.) и раководителот на одделението за сметководство (А.С.), кои се гонат за слоупотреба на службената положба.

Од Финансиската полиција велат дека Јакимовски во својство на градоначалник во 2012 и 2013 година во име и за сметка на Карпош спровел две постапки за јавни набавки, иако знаел дека правното лице Алконпроект ДООЛ Тетово не доставило банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот.

– Наместо да го раскине договор и да ја активира и наплати банкарската гаранција на понуда согласно Законот за јавни набавки, С.Ј. му дозволил на изведувачот да започне со вршење на активностите согласно договоррите, и потоа заради неквалитетно и ненавремено извршување на работите ги раскинал договорите со изведувачот, со што му овозможил да стекне противправна имотна корист на име на необезбедени и неплатени банкарски гаранции за квалитетно извршување на договорот, во износ од 911.166 денари, а на штета на Буџетот на Општина Карпош.


Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот