28 Септември, 2024
0.0398

ЈАКНЕЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА - Еве што разговараа Ковачевски и Пленковиќ

Објавено во: Македонија 05 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Взаемната соработка и билатералните односи меѓу Република Хрватска и Република Македонија се одлични, со фокус на продлабочување и зајакнување и на економски план. Ова е главната оценка по денешната средба меѓу премиерот на Македонија Димитар Ковачевски и претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој денеска е во официјална посета на земјава, при што одржаа тет-а-тет средба, на која разговараа за повеќе прашања од интерес на двете земји.

Заеднички беше констатирано успешното градење на билатералните односи, како и тоа дека Северна Македонија и Хрватска немаат отворени прашања. По тет а тет средбата, премиерите на двете земји, одржаа билатерална средба заедно со владините делегации.

На средбата, во состав на македонската делегација беа Артан Груби, Прв Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија,задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, како и амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.


Во состав на хрватската делегација, присуствуваа Давор Филиповиќ, министер за економија и одржлив развој во Владата на Република Хрватска, Ермина Лекај Прљаскај, пратеничка во хрватскиот Сабор, задолжена за албанското, босанското, црногорското, македонското и словенско малцинство во Република Хрватска, Стрибор Кикерец, директор на Директоратот за Југоисточна Европа во Министерството за надворешни работи на Република Хрватска, како и Нивес Тигањ, амбасадорка на Република Хрватска во државава.

На билатералната средба заеднички беше констатирано дека Република Хрватска, е еден од нашите најсилни поддржувачи на патот кон евроинтеграциите, поддршка која никогаш не губи на интензитет, туку напротив, постојано се засилува.

Двете страни ја истакнаа констатацијата за успешното градење на билатерални односи, како и тоа дека Северна Македонија и Хрватска немаат отворени, нерешени прашања.

Во насока на негување на долгогодишната соработка меѓу двете земји, досега се склучени дури 44 меѓународни билатерални договори и документи, а во фаза на иницијатива се уште петнаесетина.


За одличната билатерална соработка зборуваат и 15 твининг проекти, како и користење на хрватското искуство во пристапните преговори со ЕУ. Премиерот Ковачевски, на средбата истакна дека ќе продолжиме засилено да работиме во насока на продлабочување на односите со Хрватска, проширување на соработката, зацврстување на заемната доверба, разбирањето и добро соседството.

Беше изразена определбата на двете земји во следниот период да се работи на зајакнување на економската соработка.  Вкупната трговска размена меѓу двете земји за 2022 година изнесува 217 милиони евра и има потенцијал за зголемување на истата. Осврнувајќи се на хрватските инвестиции во земјава, премиерот Ковачевски констатираше дека најмногу се застапени во услужниот и прехрамбениот сектор,а додаде дека има простор за зајакнување на взаемната соработка во фармацевтската индустрија, транспортната инфраструктура, градежните компании и туризмот.

Беше констатирано значењето и понатамошното јакнење на економската соработка преку активностите на хрватско-македонскиот бизнис клуб во Загреб, чија основна цел е зголемување на трговската размена меѓу нашите земји.


Потенцирано е дека двете земји, како НАТО сојузници, цврсто се посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорноста кон НАТО и придонесот во меѓународните мировни операции, споделувајќи заеднички ставови во однос на состојбите во регионално и мултилатерално ниво за мир и стабилност на регионот.


Фото: Вангел Тануровски 

Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?