Јанчев: Не сум исклучен од ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 22 Април, 2019
Митко Јанчев,. градоначалникот на Кавадарци, за Пресинг ТВ по првиот круг од претседателските избори вели дека не е исклучен од ВМРО-ДПМНЕ.
- Ќе одговорам политички. Јас сум член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци и дел сум од партијата. Само сум разрешен од партиската потпретседателска функција, изјави Јанчев.
Тој ја поддржа Гордана Силјановска Давкова во претседателската трка, но вели дека главен мотив му било да успеат самите претседателски избори и да се постигне излезност.
Вели дека не се уште не се помирил со лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.
Во првиот круг од претседателските избори Сиљановска Давкова во Кавадарци освои 9.268, а Стево Пендаровски 7.883 гласа.