Jaнева им се заканила на обвинителите во СЈО?
Објавено во: Македонија 15 Август, 2019
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, во понеделник, откако се врати од одмор, ги собрала присутните обвинители и им се заканила дека доколку таа пропадне, ќе ги повлече и нив заедно со неа, пишува Фокус.
Според од извори на Фокус од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наводно
рекла и дека ќе измисли работи за нив, само за да ги оцрни.
Оваа закана доаѓа во момент кога дел од обвинителите се повикани да сведочат во
Обвинителството за организиран криминал и корупција за истрагата „Рекет“.