19 Април, 2024
0.0258

Јанева: ЈО нема докази против мене, се уште одам со крената глава

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Катица Јанева очекува ослободителна пресуда. За случајот во кој се гони вели дека е дело на јавната обвинителка , денеска не призна никаква вина истакнувајќи дека ОЈО нема докази против неа.

Очекувам судот да донесе ослободителна пресуда за дело што е инструирано од јавната обвинителка и се надевам дека не се плашите од нејзините закани за „тресење од гаќи“, рече Јанева додавајжи дека во изминатите четири години се изложила лично, како и нејзиното семејство на голем ризик и се уште оди гордо и со крената глава. 

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчковска, кажа дека одбраната ќе докаже дека Јанева е невина и неосновано обвинета, злоупотребена со нечесни игри.

– Обвинителството нема ниту еден доказ. Ја товари Јанева дека наводно ги злоупотребила својата позиција и моќ, за што тврди дека го направила за остварување на лична корист, изјави Фрчковска дополнувајќи дека ќе докажат дека Јанева не ги пречекорила своите овластувања во ниту еден момент.

-Таа имала право да го стори сето тоа, согласно својата проценка доколку тоа придонесе за решавање на случајот. Ќе докажеме дека Јанева сето тоа го направила за побрзо затворање на случајот, а не за остварување на лична корис, изјави Фрчковска.

Претходно и првообвинетиот Бојан Јовановски се изјаснија дека не чувствува вина, додека Зоран Милевски – Кичеец го призна делото за „Рекет“. 

Судењето за „Рекет“ продолжува на 6 декември, за кога се повикани исказ да дадат сведоците Јордан и Ана Камчеви. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?