Јанша тешко ќе може да состави потребна коалиција
Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2018
Словенечка демократска партија (СДС) на некогашниот премиер Јанез Јанша е победник на парламентарните избори во Словенија, но аналитичарите велат дека може да има тешкотии да формира влада.
СДС освои 25 проценти од гласовите, а втора е централно-левичарската ЛМШ (Листа на Марјан Шарец).
СДС ќе има 25 места во 90-члениот парламент. Единствената партија што досега најави дека ќе соработува со СДС е централно-десничарската Нова Словенија, која освои 7,1 отсто од гласовите и седум пратенички места. Тоа ѝ дава клучна улога на ЛМШ, која доби 13 пратеници. Партијата е предводена од комичарот и политички сатиричар Марјан Шарец, кој се опишува себеси како политичар „против естаблишментот“.
Вкупно 25 партии се бореа за гласовите на електоратот од 1,7 милиони избирачи