Јанушев: Членови од три партии преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2019
Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, денеска објави дека членови и функционери на ВМРО - Народна партија и Обединети за Македонија се приклучуваат кон најголемата опозициска партија, како и кон коалицискиоѕ партнер МААК.
Од партијата велат дека на овој начин се обединува членството во пресрет на најавените избори догодина, а членовите од другите партии потврдија дека е време за обединување на десницата за да се вратат конзервативните вредности.
- До пред извесно време некои од овие членови партиципираа во Власта, но видно разочарани сега одлучија да ни се придружат, рече Јанушев пред медиумите.