ЈАВНИ ЕГЗЕКУЦИИ НА ПЛОШТАДИТЕ ВО АВГАНИСТАН: Талибанците бесат луѓе на плоштад, телата натопени во крв висат на ланци
Објавено во: Свет 26 Септември, 2021
На неколку
плоштади во градот Херат во Авганистан, Талибанците обесија тела на четворица
мажи, за кои тврдат дека киднапирале трговци. Во едно од видета објавени на
социјалните мрежи се гледа тело на еден маж во ланци натопено во крв, кое е
обесено со дигалка на главниот плоштад во градот Херат.
-Нивните тела се обесени на градските плоштади како пример за другите. Обесени се за веќе никој да не се осуди да направи такво злосторство, изјави талибанскиот заменик гувернер на покраината Мавлави, Шир Ахмад Амар
Тој посочи дека мажите се убиени во директни судири со талибанските борци откако претходно киднапирале еден трговец и неговиот син кои подоцна се спасени.