29 Март, 2024
0.0332

Јавниот долг ќе руши плафон: Владата планира да го зголеми долгот до 54,8 отсто од БДП

Објавено во: Економија 24 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Владата планира да го зголеми јавниот долг на државата до рекордни 54,8 отсто од Бруто одмашниот производ (БДП) во 2020 година. Планот е дел од новата фискална стратегија од 2019 до 2021 година. Според проекциите, вкупниот јавен долг ќе се зголемува во сите следни години. Така ако лани, Македонија должела сума која е 47,6 отсто од БДП, за годинава јавниот долг е проектиран да биде 50,6 отсто од БДП. Сепак во 2019 година оваа Влада предвидува раст на долгот до 54,2 отсто, додека до 2020 година да стаса до дури 54,8 отсто од БДП. Ова ќе биде рекорден јавен долг во историјата на државата. За 2021 година е планирано јавниот долг да биде 53,8 отсто од БДП. Од Министерството за финансии кое е креатор на стратегијата велат дека и покрај зголемувањето, нивото на јавниот долг ќе се задржи во одржливи рамки без да се наруши фискалната одржливост. Затоа, велат, долгот нема да премине 60 отсто од БДП.

„Врз основа на среднорочната буџетска рамка од која произлегува потребата за финансирање на буџетските дефицити на среден рок, потребите за отплати на претходни долгови, како и имплементацијата на проектите кои се надвор од централната власт, движењето на јавниот долг на среден рок ќе има умерен пораст, но сепак ќе се движи во адекватни рамки, односно нема да ја загрози одржливоста на долгот, стои во стратегијата.

Инаку според проекцијата само догодина или во 2019 година, Владата планира да позајми 600 милиони евра на домашниот и на странскиот пазар.

„Во 2018 и 2019 година се очекува интензивирање на инвестициите во областа на патната инфраструктура кои се имплементираат со заеми гарантирани од државата. Заради тоа се очекува зголемување на состојбата на гарантираниот долг, и се утврдува лимит за максимално нето задолжување по основ на гарантиран долг во 2019 година до 250 милиони евра, велат од Министерството за финансии.

Во 2020 и 2021 година редовно ќе достасаат еврообврзниците издадени во 2014 година и 2015 година кои се во вкупен износ од 678 милиони евра, но и втора рата од заемот обезбеден со гаранција заснована на политики од Светска банка во износ од 155 милиони евра.

Владата годинава позајми нови 500 милиони евра со издавање на еврообврзница со камата од 2,75 проценти. На крајот на минатата година јавниот долг на Македонија изнесуваше безмалку 4,8 милијарди евра односно 47,6 отсто од БДП.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа