23 Април, 2024
0.0341

Јавно обвинителство на Република Северна Македонија - ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Државното Јавно обвинителство денеска преку соопштение ги задолжува јавните обвинители на Вишите  јавни обвинителства и јавните обвинители на Основните јавни обвинителства извршувањето на функцијата на Јавното обвинителство да ја организираат и согласно заклучоците на 19. седница на Владата на Република Северна Македонија, на начин:

1.Во постапувањето приоритет им се дава и веднаш се земаат во работа кривичните пријави кои се однесуваат на кривични дела: Пренесување заразна болест по член 205 од КЗ, Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по член 206 од КЗ, Несовесно лекување болни по член 207 од КЗ, Неукажување медицинска помош по член 208 од КЗ, Спречување службено лице во вршење на службено дејствие по член 382 од КЗ, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 од КЗ,  Организирање на отпор по член 387 од КЗ, кривични пријави од надлежни институции во врска со донесените одлуки, мерки и препораки од други надлежни институции за справување со појавата и ширењето на коронавирусот COVID-19.

Дежурствата се остваруваат согласно донесените распореди, а доколку треба да се преземат повеќе дејствија се ангажираат и други јавни обвинители и административен персонал.

2.  Јавниот обвинител на Јавното обвинителство:

а). Утврдува кои конкретни работи и задачи (проучување на предмети, изготвување одлуки или други административни работи) можат да се извршуваат надвор од службените простории на Јавното обвинителство и одобрува работите да се извршат од дома,

б) Во Јавното обвинителство се води евиденција за одобренијата и дејствијата за вршење на задачите од дома. Извршувањето на работите од дома се засметува како време поминато на работа,

в) Јавниот обвинител или административниот службеник при извршувањето на работите од дома, должен е цело време да биде достапен и на повик од Јавното обвинителство да се врати во службените простории,

г) Непочитувањето на правилата за извршување на работа од дома, повлекува дисциплинска одговорност.

3.  Јавниот обвинител на Јавното обвинителство со оглед на новонастанатата состојба, одобрува кои дејствија не се итни и нема за овој период да се извршуваат, туку по создавањето на редовни услови за нивно преземање.

4.  Пред влегувањето на странките и другите учесници во постапката во објектите на Јавните обвинителства, задолжително се применуваат мерките за дезинфекција и здравствена заштита.

5.  Во просториите во кои се преземаат дејствијата, задолжително да се постапи согласно препораките за здравствена заштита и да се обезбеди неопходната физичка оддалеченост на присутните учесници.
Дејствијата се преземаат во простории кои ќе бидат определени од Јавниот обвинител на Јавното обвинителство. Во тие простории се врши зачестена дезинфекција. По исклучок, определено дејствие може да се преземе и во работната просторија на Јавниот обвинител, која претходно и по завршувањето ќе биде дезинфицирана.

6.  За закажаните судења и судските рочишта, јавните обвинители да постапуваат согласно упатствата и насоките на Судскиот совет и претседателите на судовите.

7.  Останува на сила ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО УПАТСТВО за постапување на Основното јавно обвинителство Дебар, Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство Гостивар за време на кризната состојба прогласена од Владата на Република Северна Македонија во општините Дебар и Центар Жупа од 13.3.3020 година.

8.  Ова задложително упатство стапува во сила веднаш.


Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!