Јавноста исклучена од сослушување сведоци за предметот „Трезор“
Објавено во: Македонија 23 Април, 2019
Зад затворени врати денеска во суд се одвива сослушувањето на сведоци во случајот Трезор.
Поради работните задачи кои ги извршувале сведоците и опасноста од издавање деловна тајна судот и забрани на јавноста да биде дел од судењето.
Трезор е случај во кој е првообвинет екс директорот на УБК Сашо Мијалков а се сомничат и Тони Јакимовски, Небојша Стајковиќ и Горан Грујевски .
Според обвинението тие се гонат за злоупотреба на службената положба и овластувања при што го оштетиле буџетот за 862.045 евра со кои набавиле електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК.