19 Април, 2024
0.0291

Јавноста ќе има увид за тоа колку троши Пендаровски

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Јавноста ќе има увид колку троши претседателот, Стево Пендаровски.

Роберт Поповски, министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, денеска се сретна со Пендаровски, при што разговараа за Алатката за отчетност, на којашто се прикажани трошоците на министрите, замениците – министри и на директорите на јавните претпријатија.

„Ова е наша прва официјална средба. Она што е значајно од средбата, е тоа што претседателот Пендаровски искажа целосна подготвеност начинот на неговото работење и сето она што значи користење на буџетските средства како претседател на државата да ги стави на увид на јавноста. Тоа значи дека онаа Алатка за транспарентност, што премиерот, министрите во Владата, заменици-министри, директори на јавни претпријатија, веќе во неколку извештајни периоди ја користат и ја презентираат пред граѓаните, ќе биде на своевиден начин прилагодена согласно начинот на кој функционира кабинетот на претседателот и тие трошења ќе бидат на увид на јавноста. Ова е огромна разлика во споредба со претходниот претседател Иванов, кој што воопшто немаше намера да ги презентира трошоците и начинот на работење пред граѓаните. Беше целосно нетранспарентен. Да ја потсетам јавноста, од кога беше воведена Алатката за транспарентност во Владата и предложена на јавните претпријатија, јас мојот кабинет побара да ја употреби и претседателот Иванов. Тој, тоа на најдрастичен начин го одби и кажа дека едноставно нема потреба од такво нешто“, вели Поповски. 

Кабинетот на претседателот ќе биде целосно отворен за јавноста. 

Можеби ќе ве интересира

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет