Јавноста во 13 часот ќе го слушне ставот на Катица Јанева по аферата со „Рекет“
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019
По неколку дена молк специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева пред јавноста ќе излезе и ќе даде одговор на прашањата кои произлегуваат од случајот „Рекет“.
13 часот е терминот кога Јанева од просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе даде изјава.
Во овој момент не е познато што се случува во просториите на СЈО, но нејзиното доаѓање на работа после една недела било изненадување за вработените а според ТВ24 Јанева порачала кафе и влегла во својата канцеларија.