Јавното обвинителство демантира дека претресот во Финансиската полиција бил по пријава во врска со „Беса транс“

Објавено во: Македонија 05 Август, 2022
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија најостро ги демантира наводите во текстот „Претресот во Финансиската полиција бил по пријава во врска со „Беса транс““, објавен денеска на порталот САКАМ ДА КАЖАМ (sdk.mk).
Додаваат дека во барањето и обезбедената наредба за претрес во Управата за финансиска полиција е наведен предметот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција заради кој се спроведува претресот.
„Тој предмет нема никаква поврзаност со трагичната автобуска несреќа во Република Бугарија. Предметот за автобуската несреќа во целост го водеа истражните органи на Република Бугарија, а Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапуваше по меѓународна правна помош упатена од Обвинителството на Република Бугарија. Работата на компанијата „Беса транс“ се проверува во посебен предмет по кој постапува надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Дека станува збор за непроверени информации се утврдува и од противречноста во самиот текст во кој се наведува дека во предметот за „Беса транс“ постапува ОЈО Скопје, а тој се доведува во врска со наредбата за претрес на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Покрај тоа треба да се укаже дека Управата за финансиска полиција нема никаква надлежност за сообраќајниот режим, за дозволите и за техничката исправност на превозните средства. Јавното обвинителство го осудува обидот преку непроверени шпекулации да се злоупотреби огромната трагедија во која 45 лица го загубија животот и ги повикува медиумите на одговорно известување кое пред се ќе води сметка за чувствата на семејствата на жртвите и на повредените во тешката автобуска несреќа“, стои во соопштението.
Велат дека новинарите, особено за вака чувствителни прашања, можат сите информации да ги добијат официјално во секое време од надлежните обвинители и од Службата за односи со јавноста на обвинителството.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација

Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

(ВИДЕО) Пристигнаа новите оклопни возила набавени од САД

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Гостиварец платил 10.000 евра со цел неговото семејство да не дознае дека има љубовница

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип
