25 Април, 2024
0.0279

Jeep® Wrangler и Fiat Panda Cross победници во своите категории на престижните "4x4 of the Year 2019 awards"

Објавено во: Мои пари 21 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Две големи признанија од страна на магазинот “4X4“ за групацијата Fiat Chrysler Automobiles. На доделувањето на британските угледни награди "4x4 of the Year 2019 awards" за најзаслужни 4х4 возила, со посебни признанија се здобија возилата  Jeep® Wrangler и Fiat Panda Cross.

Специjален состав на судии, експерти за возење по тешки терени имаа тешка задача да одлучат помеѓу способните off-roadвозила кои се појавија на пазарот изминатава година. Сепак, меѓу конкурентите видно се истакнаа двата модела на Fiat Chrysler Automobiles и тоа легендарните Jeep Wrangler и Fiat Panda Cross.


Новиот Wrangler, лансиран минатата година во септември ширум Европа, ги задржува своите способности на незапирлив владетел на терените и истовремено апсолутен протагонист во секојдневното возење низ град, благодарение на извонредното ниво на комфор, на автентичниот стил и на технолошката опременост со напредни решенија. Крајниот резултат е Wrangler, најмоќен досега во теренското возење благодарение на: два напредни системи за погон на 4 тркала (Command-Trac и Rock-Trac), електрични блокирачи на диференцијалите Tru-Lock, диференцијал на ограничено пролизгување Trac-Lok и преден стабилизатор со електронско откачување. Гамата мотори на новиот Wrangler е збогатена со воведувањето на два важни новитети – еден турбодизел од 2,2 литри и еден трубобензинец од 2,0 литри. И двата нови мотори имаат прилагоден автоматски меувач со осум брзини, апсолутен новитет во гамата Wrangler Во однос на кросовер категоријата, втора година по ред наградата е доделена на неверојатната FiatPanda Cross. Покрај тешката конкуренција, судиите го пофалија токму овој кросовер за неговитемотори, off-roadспособностите и задоволството во возењето. Ова е само дел од долгата листа на достигнувања на Fiat Panda, вклучувајќи го и тоа што е првиот градски автомобил со 4WD технологија, првиот градски автомобил кој се искачи на надморска височина од 5.200 метри и кој стигнал до базниот камп на Еверест, како и првиот градски автомобил со природен гас во сериско производство.

Доколку сакате и одблиску да се запознаете со моделите на FiatPanda 4x4 и Jeep® Wrangler, направете го тоа веднаш кај ексклузивниот увозник – Аутомобиле СК на ул. Скупи бр.8, во Скопје.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет