Јенс Столтенберг доаѓа во Скопје - со кого се ќе се сретне?
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2018
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во среда и четврток, ќе престојува во дводневна посета на Република Македонија, информираат од Владата.
Предвидено е Столтенберг да се сретне со државниот врв, со министри, како и со некои од претседателите на политичките партии.
Тој в четврток заедно со премиерот Зоран Заев, во 16 часот ќе одржат заедничка прес-конференција.
Оваа посета беше протколкувана како заложба на НАТО да ја види Македонија во Алијансата.