23 Април, 2024
0.0282

Јоци за Фактор: Полицијата е апарат за зачувување на фотелјите на властодршците

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Полицијата, вчера, на протестите против Преспанскиот договор употреби прекумерна сила врз граѓаните, неистомисленици на власта на СДСМ. Сведочам. Бев таму и доживеав како Македонија крвареше, вели долгогодишната новинарка Јорданка Ивановска Јоци.

„И со тоа одвратно насилство, полицијата, испрати застрашувачка порака дека така ќе се однесува и во иднина кон сите, кои, ќе се обидат да дадат и најмал отпор на нивни договори и одлуки, вклучително граѓани кои ќе посакаат да си заминат од власт. Како? Ќе фрлат 30 шок бомби во рок од пет минути кон демонстранти, жени, деца, мажи, стари луѓе, големо количество на солзавец, ќе тепаат ако треба. После вчерашниот брутален ден, полицијата, веќе е достоен репресивен апарат за зачувување на фотелјите на властодршците. Протоколот за разбивање на толпа не беше запазен. Сум била на над 60 протести во изминати две децении, но вакво нешто не сум доживеала, вели Јоци.

Тврди дека не може да предвиди како граѓаните ќе реагираат во иднина, но од она што го видела и чула, смета оти има огромна тензија и револт од овој договор.

„Протестите против Преспанскиот договор ги сметам за домино ефект од наталожено огромно цивилно незадоволство во изминатите шест месеци. Од лаги, од неисполнети ветувања, од законот за двојазичност, кој не е стапен на сила и конечно- поради менување на името на државата. Мојот личен став околу Преспа, го објавив и јавно-ДА за двојна формула, НЕ за ,,ерга омнес". Патот кон Европа не смее да биде поплочен со гнев и крв, додава Ивановска.

Нејзините очекувања се дека договорот нема да се имплементира затоа што постои, како што вели, премногу жолч и кај грчкиот и кај македонскиот народ околу него.  Велидека договорот од почеток е на апрати без разлика на насмевките на Заев и Ципрас вчера.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...