19 Април, 2024
0.0286

Јосифовски: Храната е највредното што го фрлате, а имаме половина милион гладни граѓани

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Стотици илјади храна која може да се употреби на годишно ниво во Република Северна Македонија завршува во отпад наместо на трпезата на гладните кои не можат да си дозволат три оброци дневно, а дел од нив па ниту редовна исхрана секој ден. Затоа повеќе граѓански организации меѓу кои и Сите сити работат на нов закон за донирање на вишоците на храна кој треба да ја подобри регулативата и да овозможи поефикасно искористување на вишоците на храната која ќе се распределува до лицата во социјален ризик. Исто така фрлањето на тони храна на депониите создава опасен еколошки проблем и закана по животната средина бидејќи со поклопувањето со земја се декомпресира и испушта метан, еден од најтешките стакленични гасови кој ја загрева планетата и ги засилува климатските кризи. За сеопфатното решение кое треба да опфати и зголемена свест на поединците, компаниите и институциите разговараме со Блаже Јосифовски од Сите сити.

Фактор: Нацрт верзијата на новиот закон донирање на вишокот на храна веќе е во драфт верзија. Што ќе содржи нацрт законот, кој учествуваше во негова подготовка и што очекувате од законодавецот, ќе претрпи ли измени или ќе продолжи дијалогот меѓу засегнатите страни?

Јосифовски: Законот ќе донесе регулирање на донирањето на вишоците храна во земјата. Ќе определи права и обврски на различните засегнати страни. Со оглед на тоа што Законот треба да помине низ повеќе филтри додека добие крајна форма, можам да кажам дека моменталната форма негова, ги одразува реалните капацитети на нашето општество за да се соочи со овој проблем. Ни претстои долг процес на развој на донирањето вишоци храна кај нас, но верувам дека може да одигра многу позитивна улога, не само од социјален и еколошки аспект, но и од аспект на промоција на солидарноста помеѓу луѓето.Важно е да почнеме со некоја верзија на Закон, па како што ќе се развива ова кај нас, така и Законот ќе претрпува измени, согласно случувањата на теренот.

Колку ние всушност фрламе храна во Македонија, имате ли податоци на годишно ниво колку храна завршува во отпад наместо на трпезите на тие кои им е потребна?

Јосифовски: Нажалост, иако имаме над 460.000 граѓани кои не можат да ги имаат сите оброци во текот на денот, се’ уште огромни количини на храна се фрлаат низ целата земја. Нашите проценки се дека заедно со земјоделските вишоци, над 100.000 тони на добра храна во период од една година во Македонија, наместо кај тие што имаат потреба од неа, завршуваат на ѓубриштата или некаде во природата. Како за илустрација, лани над 50.000 тони јаболка се фрлија. Тоа се застрашувачки бројки за тоа, како се однесуваме со нашите ограничени ресурси. Домаќинствата преку комуналниот отпад, исто така значително допринесуваат во фрлањето на добра храна, нашите проценки се дека тоа е дефинитивно над 10.000 тони.

Каков треба да биде системскиот пристап за решавање на проблемот со фрлање на храната, како да се променат навиките пред се на самите граѓани потребни ли се јавни кампањи и кои позитивни искуства може да се применат?

Јосифовски: Потребно е да се покачи цената на чинење на фрлањето на храна. Бидејќи, храната е највредното нешто што може да го фрлите, бидејќи содржи голем број на ресурси кои се употребиле за нејзинот создавање.

Но, моментално кај нас не менува дали фрлате храна или нешто сосема безначајно. Има успешни примери во некои од поразвиените земји, кадешто храната посебно се селектира, односно доколку сакате да се ослободите од неа, потребно е употребливиот дел, да го селектирате за компостирање или други активности, а за неупотребливиот дел, си плаќате такса, согласно на количината што ја фрлате.

Паралелно, сметам, дека е потребно да имаме работа во училиштата, со најмладите, за да може да видиме резултати за 10 години. Свеста не може да се промени преку ноќ, но ако вклучиме квалитетни програми за подигнување на свеста за значењето на храната, за десеттина години, ќе може да видиме генерации на граѓани кои ќе ја ценат храната.

Во која фаза е проектот Оброк за сите со поддршка на ФИТР. Досега во него се вклучи и Црвениот крст чии волонтери носат пакети со храна до лицата во социјален ризик и бездомните лица во Момин поток. Каков е одзивот на приватниот сектор и кој е моделот за самоодржливост?

Јосифовски: Проектот „Оброк за сите“ е во фаза на пилотирање преку имплементација на три модели за поддршка на социјално загрозени граѓани во храна. Освен месечните пакети за храна, кои се наменети за граѓаните кои имаат просторни услови за подготовка на храна, имаме модели и за бездомните лица, но и за старите и изнемоштени граѓани. Преку поддршка на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток со готвена и свежа храна, но и поддршка на кујната во Ѓорче Петров со намирници, успеваме да стигнеме до дел од бездомните лица. Од друга страна, со подготовени оброци, волонтерите два пати неделно ги посетуваат старите и изнемоштени граѓани и им укажуваат помош во храна.

Имаме потреба од подигнување на свеста на приватниот сектор. Овие активности и можности за поддршка на нашето општество се се’ уште нови. Така што ќе биде потребно време да стигнеме на повисоко ниво на свесност. Одржливоста ја гледам преку активно вклучување на компаниите и граѓаните со финансирање и волонтирање во „Сите сити“. Секаде функционира на тој принцип, мислам дека и кај нас ќе мора да се постигне тоа ниво. Ќе биде многу важно за општеството.

Колку фрлањето на храната предизвикува закана врз животната средина, како овој проблем да го решиме на локално ниво и што може да направивме сите како поединци?

Јосифовски: Фрлената храна ја загадува животната средина и дополнително влијае на зголемување на ефектите на климатските промени. Колку тие ќе бидат влијателни на нашите животи, можевме да видиме при последното невреме, каде големи површини на јаболка во Преспа, се уништија за само 20 минути. Нашите општини се многу слаби и неактивни во овој дел на заштита. Многу се ретки општините, кои преземаат, било какви активности за намалување на фрлањето на храна. Како поединци може да влијаеме, промената почнува од нас. Има едноставни чекори кои сите може да ги направиме, а тоа се од купување на локална свежа храна (овошје и зеленчук), до правилно планирање на нашите залихи на храна. Обично имаме навика да купува и подготвуваме повеќе храна, отколку што ни е потребна.

Дали сте размислувале за вклучување на иницијатива за компостери во домаќинства, институциите и компаниите за вишокот на храна како органски отпад откако ќе стане неупотреблив и како овој модел може да го развијат јавните комунални претпријатија?

Јосифовски: Со ваква иницијатива, сме им пристапиле на дел од јавните претпријатија кои функционираат на територијата на Град Скопје, но истата, не доби своја имплементација. Верувам дека локалното компостирање, ќе ни заштеди многу средства како општество, а од друга страна ќе ни помогне да бидеме одржливи како земја.Стоиме на располагање, доколку некое јавно претпријатие низ Македонија, се заинтересира и сака да започне ваква иницијатива со нас.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?