28 Март, 2024
0.0260

Јоти Поповски: Книгата „Животниот пат на иноваторот“ е наменета за сите идни млади македонски пронаоѓачи

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Иноватор е љубопитен човек, кој поставува прашања и потоа бара одговори и решенија. Потребна е визија, истрајност, темелно проучување, но и некој што ќе го прифати вашиот изум и ќе го реализирате. Еден од најпродуктивните домашни пронаоѓачи, Јоти Поповски, своите изуми ги реализирал во целиот свет. Тој е троен добитник на престижната награда од „Енерџи глоуб“, а неговата експериментална пречистителна станица е инсталирана низ целиот свет, од Кондово (Скопје), па сè до Антарктикот.

За неговиот бурен и продуктивен живот и најзначајните иновации пишува во својата автобиографска книга „Животниот пат на иноваторот“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата беше претставена вчеравечер (13 септември), на штандот на „Арс Ламина“ во рамките на Саемот на книгата.

Вели дека книгата „Животниот пат на иноваторот“ ја напишал по инсистирање на неговата фамилија, да остави пишано сведоштво за неговиот живот.
– Се нафатив да ја пишувам оваа книга, иако не сум писател. Зар не може да пишува секој што ги има завршено сите фази од образованието? Немам претензии да пишувам како искусен писател. Но, сакам да ги опишам моите случки и настани од животот и моите најзначајни изуми што, според кажувањата на многу мои познајници и пријатели, заслужуваат да ги знаат и други – рече тој. 

Освен автобиографската нишка, книгата е наменета за сите идни млади македонски пронаоѓачи, иноватори, кои смета дека ги има многу во нашата земја. Тој им порачува „да не се откажуваат од своите идеи и нивните остварувања и по цена на многуте тешкотии со кои ќе се соочат во својот живот“.
На прашањето кој може да биде пронаоѓач и дали за тоа е потребна диплома и високо образование, Поповски рече дека тоа не е клучно.
– Најважно е да следите што се случува околу вас, да бидете љубопитни и да прашувате. Со поставување на прашања се прави првиот чекор кон наоѓање на одговорите или на решенијата. Слушајќи го мојот прадедо, кој живееше повеќе од сто години, јас научив да се прашувам за нештата околу мене. Од наједноставни прашања, како – зошто листовите на дрвото мрдаат, па сè до прашања што водеа до моите изуми. На пример, пред да ја изумам прочистителната станица, се прашував како мачката се чисти. Таа прво легнува на земја, каде што имало вода претходно. Всушност, таму има соодветни бактерии кои ѝ помагаат на мачката. Тие можат да ги уништат паразитските бактерии и органската материја да ја претворат во биогас. Тоа е и принципот на моите станици. Моите станици не бараат ни одржување, ни трошење материјали или енергија... Значи, пронаоѓач може да биде секој што е заинтересиран за подобрувања во рамките на одредена област – рече тој. 

Едно од достигнувања, по кое е најпрепознатлив, е инсталирањето на пречистителната станица на Антарктикот во 2009 година.
– Прочистителната станица на Антарктикот е изградена како експериментален проект, за една меѓународна научна експедиција поддржана од Бугарија. За мене, освен задачата како иноватор на прочистителни станици за прочистување на водите, нејзиното проектирање и изградба во климатски услови со толку ниски температури беше голем предизвик, уште повеќе што таа претставуваше единствена станица за прочистување на отпадните води на Јужниот Пол – рече тој и посочи дека првата ваква прочистителна станица во светски рамки, всушност е инсталирана кај Исламскиот факултет во селото Кондово во 1998 година.
Инаку, наградата од „Енерџи глоуб“ од Виена, која се доделува во областа на енергетската ефикасност и обновлива енергија, Поповски ја примил за трите изуми: Анаеробна прочистителна станица со континуирана биофилтрација (2008, Брисел) за Филтерска постројка за SO2 и димна прашина (2009, Прага), како и за примената на Анаеробната прочистителна станица со континуирана биофилтрација (2011, Виена).
Има добиено и златен медал на меѓународниот саем за иновации „Еурека“ (2001), Брисел, златен и сребрен медал во Јена, Германија (2011, 2012) и други. Во Македонија има добиено златна плакета на „Макинова“ и „Патентот на годината“, двете во 2014 година во Скопје. 

За време на годинешниот Саем на книгата, кој се одржуваше од 8 до 14 септември, „Арс Ламина“ организира многубројни промоции, средби со писатели, потпишување книги и работилници за деца. Во првите денови се одржаа промоциите на: романот „Веќе не сум истиот“ од познатиот пантомимичар и режисер Војо Цветановски, илустрираната енциклопедија „Кинески мозаик“ од проф. Виктор Урумов, романот „Деса“ од универзитетската професорка, книжевна истражувачка и критичарка Ивана Трајаноска. Во петокот и саботата беа промовирани двата романи-добитници на престижната награда на „Политикин забавник“ за најдобра книга за деца и млади во Србија: „Црната птица“ од Александра Јовановиќ и „Јас сум Акико“ од Стефан Тиќми, како и годинашниот добитник на Европската награда за книжевност, „Замалек“, од Дејан Тиаго Станковиќ. Во неделата се одржа „Ноќ на домашни трилери“, на која беа претставени четири нови македонски романи: „Храмот на натписите“ од Петар Стојановски, „Сенки во подземјето“ од Марија Ралповска, „Опасна игра“ од Мери Арсова и „Афера во музејот на пари“ од Сашо Кузмановски. Покрај промоциите, на штандот на „Арс Ламина“ се одржаа средби и потпишување книги со авторите: Владимир Плавевски, Васко Тодоров (Тошо Малерот), Јана Мишо, Јагода Глигоровска, како и работилници за деца и родители инспирирани од четирите психолошки прирачници за деца од психологот Христина Стефановска, „Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“ и од интерактивната книга „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ. 

„Арс Ламина“ ова издание на Саемот на книгата го завршува со триумф на годинашното доделување на престижните книжевни награди на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), на кои повторно освои најмногу награди: вкупно шест, од кои две први, три втори и едно трето место. Освои две први места: во категоријата за поттикнување на општествена одговорност, за проектот „Марко Цепенков – одбележување на стогодишнината од неговата смрт“, како и во категоријата за иновативност, за едицијата: Македонски книжевни класици. Две награди во категоријата за најдобра едиција: второ место за едицијата „Читанки“ и трето место за едицијата „Во еден здив“. Сликовницата „Мирко Немирко“, од авторката Ана Ѓокиќ и илустраторот Ване Костуранов, освои второ место во категоријата за најдобро ликовно-графички уредено издание, како и интерактивната книга „Мистериозниот град под калето“ од авторката Александра Тодоровиќ, кој е второ место во изборот за најдобра книга за деца и млади.
Книгата „Животниот пат на иноваторот“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн, на www.literatura.mk.


ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија