20 Април, 2024
0.0279

Journey to Audit Challenges - Во чекор со предизвиците на ревизијата

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во интерес на заедничката соработка и промоцијата на професиите интерна и екстерна ревизија, Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори организираа професионален едукативен настан со наслов The Journey to Audit Challenges/Во чекор со предизвиците на ревизијата, кој се одржа во хотелот „Холидеј Ин“. Настанот претставуваше исклучителна можност за професионално усовршување, дискусија за улогата на интерната и екстерната ревизија во заштитата на интересите на акционерите и заинтересираните страни, како и дискусија за квалитетот на финансиското известување и интерните контроли со претставниците на ревизорската професија, финансиската и деловната заедница и регулаторните институции.

Во рамките на соработката со Грчкиот Институт на интерни ревизори, како клучни предавачи на Настанот беа поканети:

*  Г-ѓа Verra Marmalidou, Претседател на Грчкиот Институт на интерни ревизори, која ја претстави најпознатата и најприфатена светска регулаторна рамка за управување со ризиците и системот на интерни контроли COSO Enterprise Risk Management Framework, од теорија до практична примена во современите корпорации;

Г-дин Epaminondas Chandros, O.T. Senior Manager, Attica Group, кој ја предизвика публиката со практична дискусија за поврзаноста помеѓу внатрешната ревизија, сениор менаџментот и Одборот за ревизија, како три “различни светови” кои треба блиску да соработуваат во остварувањето и заштитата на интересите на корпорациите и нивните акционери.

Настанот посебно го одбележи Панел дискусијата со наслов: Квалитетот на финансиското известување и Интерните контроли – Уверување помеѓу Менаџментот, Интерната и Екстерната Ревизија, на која учествуваа исклучителни професионалци од финансиската индустрија, регулаторните институции и ревизорската професија, како што следува:

*  Г-дин Глигор Бишев, Генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија АД, Скопје;

*  Г-дин Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици на Стопанска банка АД – Скопје;

*  Г-ѓа Марија Ефремова, Советник на Гувернерот за МСФИ, Народна банка на Република Северна Македонија;

Г-дин Иван Штериев, Главен извршен директор – Македонска берза АД Скопје;

Г-дин Срѓан Ранѓеловиќ, Партнер, КПМГ Северна Македонија.

Како дел од почесните гости на Настанот, во име на регулаторните институции кои се од големо значење за ревизорската професија, присуствуваа: Г-дин Премтим Исени, Претседател на Советот за унапредување и развој на ревизијата, Г-ѓа Нора Алити, Претседател на Комисијата за хартии од вредност и Г-ѓа Милица Арнаудова Стојановска, Генерален директор за Супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност во НБРСМ.

Заедничкиот професионален едукативен настан на двата Институти е од особено значење за промовирање на важноста на професиите интерна и екстерна ревизија, унапредување на квалитетот на ревизорските услуги, како и нивната улога во обезбедувањето на квалитетни финансиски извештаи и интерни контроли во интерес на заштита на вредноста на корпорациите и правата на акционерите и корисниците на финансиските извештаи.



Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!