ЈОВАНА ЗУКА: Не постои уметност без бизнис
Објавено во: Стил 20 Март, 2018
Што повеќе созревам, толку повеќе време, внимание и размислување посветувам на изборот на облеката која ја купувам. Сакам да градам гардероба која ќе ја сакам и сега и за десет години, и која ќе ми биде скапоцена, без разлика на цената, вели познатата модна блогерка, стилист и фотографка
Секој нејзин проект е поврзан со модата и важи за една од најпочитуваните блогерки кај нас. Често соработува со македонските дизајнери, а веќе подолго време професионално се занимава и со фотографија. Токму таа ја потпишува и последната фотосесија на Каролина Гочева. Кога зборуваме за креативен потенцијал и за мултиталентираност, наша инспирација дефинитивно е Јована Зука