24 Април, 2024
0.0282

Јовески ги чека предметите, СЈО денес ќе каже што понатаму

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство денеска треба да одлучи, односно да соопшти во јавност како ќе постапува понатаму со своите предмети откако државниот јавен обвинител Љубомир Јовески испрати барање со кое редовното обвинителство потврдува дека е подготвено да ги превземе сите предмети на барање на специјалната обвинителка Катица Јанева.

СЈО вчера претпладне го доби дописот на нивна адреса, што до нив го испрати Јовески за префрлање на предметите и како што потврдија за МИА од Специјалното обвинителство, тие во текот на денот ќе излезат со соопштение за натамошните чекори.

Јовески вчера рече дека Обвинителството е подготвено и има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од СЈО и оти се надева дека процесот ќе тече брзо. Како што најави тој, по преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот за јавно обвинителство, ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите со што не е исклучена можноста и досегашните од актуелното СЈО да постапуваат по предметите.

Следи взаемно договарање околу техничките детали за предавање на предметите, моментот и редоследот. Обвинителството е подготвено, има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети. По пристигнување на предметите и нивно распределување по обвинителствата, постапувањето од страна на ЈО ќе тече согласно законските надлежности. Се надеваме дека процесот ќе тече брзо, наведе вчера Јовески за МИА.


Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката