Јовески: Парите во „Рекет“ се дадени во два наврати
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2019
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за „Независен“ вели дека првоосомничениот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“ парите во висина од 1,5 милион евра ги земал во два наврати во кеш.
- Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал. Но кога ќе бидат создадени услови, јавноста ќе биде запознаена со начинот на извршување на кривичните дела во овој предмет, вели Јовески.
Тој очекува истрагата да се прошири за сите инволвирани лица и за други кривични дела во „Рекет“, но не може да открие дали тоа ќе бидат пратеници, обвинители или други личности.
- Постапуваме неселективно и делото ќе го истражиме и расветлиме целосно и сеопфатно. Никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден, категоричен е Јовески.