25 Април, 2024
0.0288

Јовески потврди дека писмата од Јанева се без печат, опозицијата бара што побрзо разрешување

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека за кореспонденција се сметаат и писма без печат, бидејќи во моментов специјалната обвинителка Катица Јанева е во притвор и нема можност истите да ги завери. Комуникацијата помеѓу Јовески и јанева се одвива заради превземање на предметите на СЈО од страна на редовното обвинителство.

Ова за Пресинг ТВ го тврди Јовески, сметајќи дека нема ништо во тоа да се праќаат „празни“ писма, бидејќи и тоа е начин на комуникација. Досега Јанева, која е осомничена за вмешаност во случајот „Рекет“, испратила три писма со различни датуми.

Кореспонденцијата на специјалната обвинителка со СЈО и ОЈО се одвивала преку истражниот судија. Се уште не е јасно дали писмата на специјалната јавна обвинителка се архивирани. Јовески вчера изјави дека трите дописи на Јанева се напишани рачно.

Инаку денеска пратеникот Илија Димовски, претседателот на собраниската Комисија за именувања која едногласно изгласа Јанева да биде разрешена, го повика собранискиот спикер Талат Џафери побргу да ја свика пленарната седница и да не се калкулира со расчинувањето.

„Талат Џафери треба итно, за денес, да ја свика седницата за разрешување на Катица Јанева, за да има време Советот на Јавни обвинители да ја донесе конечната одлука. Секое одложено закажување на седница за утре значи спасување на Катица Јанева и прикривање на рекетот и уцените“, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на Твитер.

Oпозициските пратеници v;era на седница на Собранието веќе поднесоа предлог точка за разрешување на Јанева. Сепак, овој предлог не поминал со 58 гласови против од страна на владејачкото мнозинство.

Пратеникот Антонио Милошоски кој е дел од работната група на ВМРО-ДПМНЕ за новиот закон за ЈО смета дека Јанева за десетина дена ќе биде префрлена во куќен притвор.

Заев најави дека за десетина дена Јанева од Шутка ќе се префрли во куќен притвор. Како може премиерот да ги знае одлуките на Судот пред да бидат донесени“ – праша Милошоски изнесувајќи став за последната лидерска средба.



Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг