24 Април, 2024
0.0335

Јовица Тасевски-Етернијан: Не го признавам Законот за употреба на јазиците

Објавено во: Македонија 15 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во Собранието на Република Македонија не се одржа седница, туку се одигра фарса! Усвојувањето на неуставниот „Закон за употреба на јазиците“ со прекршување на одредбите од Деловникот на Собранието на Република Македонија, претставува чин на уривање на правната држава со политичко насилство и волунтаризам. Со оглед на ова, јавно соопштувам дека овој таканаречен закон ќе го почитувам исто толку колку што пратениците ги почитуваа Деловникот на Собранието на Република Македонија и Законот за Собранието на Република Македонија кога го изгласаа и исто толку колку што го почитуваа Уставот на Република Македонија кога го составуваа. 

Со други зборови, не го признавам „Законот за употреба на јазиците“ како поради начинот на кој беше усвоен во Собранието, така и поради тоа што е штетен за Република Македонија од повеќе аспекти. Имено, прва потенцијална штетна последица од примената на „Законот за употреба на јазиците“ е воведувањето јазичен паралелизам, при што македонскиот јазик ќе ја изгуби кохезивната функција во општеството, односно веќе нема да биде обединувачки елемент и заедничко средство за комуникација за сите граѓани. 

Истовремено, албанскиот јазик ќе добие привилегиран статус во Република Македонија, при што неговата употреба ќе биде задолжителна во сите органи на државната власт, централните институции, јавните претпријатија, агенции, дирекции, установи, организации и комисии, во судовите, јавните обвинителства, правните лица што вршат јавни овластувања, како и во други институции, во образованието, науката, здравството, културата, при примената на полициските овластувања, во радиодифузната дејност, нотаријатот, извршувањето, инфраструктурните објекти, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата, како и во други области, а наспроти тоа употребата на македонскиот јазик ќе биде незадолжителна за граѓаните на Република Македонија со албанско етничко потекло. 

Консеквентно, примената на „Законот за употреба на јазиците“ (антиуставниот акт) ќе го поттикне етноцентризмот и ќе го засили сепаратизмот на албанската етничка заедница, со што ќе се продлабочи етничкиот јаз меѓу граѓаните на Република Македонија. 

Исто така, спроведувањето на овој „Закон за употреба на јазиците“ ќе предизвика големи и трајни фискални импликации врз буџетот на Република Македонија, а на сите институции задолжени за неговата примена ќе им бидат наметнати материјално-финансиски и други обврски, што ќе има негативно влијание врз нивното функционирање и истовремено ќе претставува организациско, кадровско и финансиско оптоварување. 

Примената на „Законот за употреба на јазиците“ (антиуставниот акт) ќе поттикне револт меѓу мнозинството граѓани предизвикан од неговиот репресивен сегмент, односно ќе доведе до неизбежни негативни реакции што може да достигнат до степен на граѓанска непослушност поради драконските казни утврдени во членот 22 став (1) и (2) за припадниците на македонскиот народ и за граѓаните со турско, ромско, српско, бошњачко, влашко и друго етничко потекло, кои се службени лица или одговорни лица во органите и институциите, а не го знаат и не го зборуваат јазикот на привилегираното малцинство (албанската етничка заедница).

Поради сето ова, „Законот за употреба на јазиците“ треба да биде поништен од Уставниот суд на Република Македонија. 

Пишува Јовица Тасевски-Етернијан, поет, книжевен критичар и есеист:.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП