28 Септември, 2022
0.0397

ЈП „Градски паркинг“: Наплатата на паркинг преку смс порака е повторно во функција во целост

Објавено во: Економија 10 Август, 2022

Добивај вести на Viber

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја известува јавноста дека успешно заврши процесот со надградба на системот за зонско паркирање, со цел подобра и поефикасна услуга. Проблемот со наплаќање преку смс пораки е решен. Економскиот оператор задолжен за надградба на овој систем, во соработка со мобилните оператори деновиве работеше на надминување на проблемите при наплата на паркинг преку смс.

До корисниците на нашите паркинг услуги упатуваме извинување, воедно оштетените корисници ги повикуваме да поднесат барање за обештетување. Барањето можат да го поднесат писмено преку е-пошта на infogradski@gradskiparking.com.mk, кадешто ќе ги остават своите податоци – име и презиме, број на регистерска таблица, дата и време на паркирање,телефонски број од кој е извршена наплатата, како и зона кадешто било паркирано возилото.

Проблемот со наплатата преку смс порака, кој воглавно се должеше на нефункционалност кај претплатниците на мобилниот оператор „А1 Македонија“, е надминат уште во понеделникот, меѓутоа оставивме тест период од три дена, за со сигурност да ги информираме корисниците на паркинг услугите дека системот е надграден и е во целосна функција.

Можеби ќе ве интересира

АКО НЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ ГАС ОД СРБИЈА, ТОПЛАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ НА МАЗУТ - советникот на Владата за енергетика ветува парно за скопјани на 15 октомври

АКО НЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ ГАС ОД СРБИЈА, ТОПЛАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ НА МАЗУТ - советникот на Владата за енергетика ветува парно за скопјани на 15 октомври

Генерали Инвестментс: Внимателно, неизвесноста и нестабилноста на пазарите се високи

Генерали Инвестментс: Внимателно, неизвесноста и нестабилноста на пазарите се високи

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Владата ќе набавува централа што ќе произведува струја од дизел

Владата ќе набавува централа што ќе произведува струја од дизел

ВМРО-ДПМНЕ со предлог за законски измени: Комуналните претпријатија, училиштата и болниците не смеат да плаќаат струја на слободен пазар

ВМРО-ДПМНЕ со предлог за законски измени: Комуналните претпријатија, училиштата и болниците не смеат да плаќаат струја на слободен пазар

ССМ: ИНСПЕКТОРИ ВО КОНТРОЛА НА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, стотина фамилии без егзистенција

ССМ: ИНСПЕКТОРИ ВО КОНТРОЛА НА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, стотина фамилии без егзистенција

Владиниот советник Виктор Андонов открива: Гасот ќе го купиме од Србија

Владиниот советник Виктор Андонов открива: Гасот ќе го купиме од Србија

Зошто Путин сака да го разнесе Северен тек?

Зошто Путин сака да го разнесе Северен тек?

Мапирање на ИТ индустријата во Македонија: Кој е најпопуларен програмски јазик?

Мапирање на ИТ индустријата во Македонија: Кој е најпопуларен програмски јазик?