24 Април, 2024
0.0284

ЈП Водовод и Канализација – Скопје учесник на првиот меѓународен саем RENEXPO

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во рамки на првиот Меѓународен саем за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода, RENEXPO, кој во изминатите два дена (03/04.12.2019) се одржа во хотелот Александар Палас, беше одржана и првата Конференција за одржливо управување со водите во Република Северна Македонија.

На конференцијата, покрај претставниците на организаторот REECO International, Заменик Министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Јани Макрадули, г-дин Никола Бертолини, Делегација на Европската унија, Раководител на Сектор за соработка, проф. д-р Петко Пеливаноски, претседател на Здружение за третман на вода (АТW МК) и претставници на останатите засегнати страни во оваа област, свое излагање имаше и г-ѓа Линдита Шакири, Помошник Директор за технички прашања и менаџер на проектната единица за изградбата на ПСОВ – Скопје од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.


 Г-ѓа Шакири во својата презентација насловена како “Потребата од постоењето на ПСОВ во град Скопје“ (“The necessity of the existence of a WWTP in the city of Skopje”) ја истакна потребата за изградба на ПСОВ – Скопје како и  нејзиното позитивно влијание во насока на подобрување на животот на граѓаните на град Скопје, заштитата на животната средина и сето тоа во согласност со ЕУ стандардите.

По излагањето на г-ѓа Шакири, учесниците на Конференцијата ги поздравија напорите на ЈП Водовод и Канализација – Скопје, Град Скопје, Владата на Република Северна Македонија, МЖСПП и МФ за успешното и навремено спроведување на проектот за ПСОВ – Скопје и неговата реализација како една од поголемите капитални инвестиции во државата.

Проектот за изградба на ПСОВ – Скопје, е во вредност од 136 милиони евра и е поддржан од Министерството за животна средина, Министерството за финансии, Град Скопје, Владата на Република Северна Македонија, Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка