22 Мај, 2018
0.3390
    ALK 7923.39    -1.94%     CEVI 927    -2.93%     EUHA 3    0%     EVRO 3000    7.26%     GRNT 716    -1.35%     GTRG 3000    0%     KMB 4300    -0.99%     MKSD 200    -1.96%     MPT 31000    0.54%     MTUR 4100    0%     OKTA 3550    -4.05%     PPIV 44478.76    -0.05%     RMDEN09 98.5    1.55%     RMDEN10 98    0.2%     RZLV 44.13    -1.93%     STB 1018.27    0.5%     STBP 1121.15    1.19%     STIL 131.24    -0.75%     TEL 270    0%     TNB 13488.48    -0.09%     TPLF 1543.72    -3.93%     UNI 2361    -2.44%     ZILU 263.29    7.47%     ZPKO 2857    0.04%

Југ ги негира обвинувањата на Живаљевиќ, тврди сакал да се испере преку него

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2017

Игор Југ кого српскиот агент Горан Живаљевиќ вчера го обвини дека е човекот кој требало да го убие Зоран Заев на крвавиот четврток на  27 април, преку Фејсбук одговори на обвинувањето. 

Тој пишува дека вчера на телевизија „Happy“ во емисијата „Кирилица“ , агентот на БИА, Живаљевиќ се обидел да се испере со него и да го претстави како платен убиец. 

„Па друже Живаљевиќу, да ти поставам неколку прашања како лаик! Ако сум сакал некого да убијам, зошто не сум го убил? Кој можеше да ме спречи? Можев со раце да удавам некој ако сакав, таму бевме 200 на 1!! Друго нешто, ако сум професионален убиец, зошто не носев маска? Ќелав човек од над 100кг. со долга брада, со тетовирани раце и во маица на ХОС бев само јас, значи секој чекор многу лесно можеше да ми се следи и ми е снимен од камерите! Така ли се оди кога сакаш да убиеш некој? Објасни ми ти, зошто си професионален шпиун, а правиш вакви пропусти кога профилираш еден „платен убиец“!? Друже Живаљевиќу, дали некој ќе најми профи убиец кој така облечен јавно ќе оди да убие претседател на политичка партија? Каде е тука здравиот разум!?Зар толку сите ги потценуваш и им ја навредуваш интелигенцијата и здравиот разум!?Јас ли треба да бидам жртвено јагне у оваа ситуација!? Ретардирано жртвено јагне со уште поретардирани налогодавци, нели така испаѓа!? Епа друже Горане, јас не сум ниту платен убиец, а не сум ни ретардиран, а не е ретардирана ниту јавноста на која ова и го пласираш!!! Може не сме учеле школи за агенти, ама сме го гледале сите „Enemy of the State“ со Вил Смит и Џин Хекмен, приказна која сакаш сега ти со твоите другарчиња да ни ја продадеш во Македонија!“ - пишува Игор Југ на Фејсбук. 

На Живаљевиќ му порачува да ја провери неговата биографија и дали тој убил досега некого во своите 47 години. 

Ако сакаш да го заташкаш твоето присуство во Собранието таа вечер, биди покреативен и повеќе внимавај на детали, пишува тој и наведува дека сите кои ја пласирале оваа лага ќе бидат дадени на суд. 

Живаљевиќ претходно изјави дека сите служби присутни во Македонија ги знаат по имиња сите оние десетмина луѓе под маски кои упаднаа во Собранието на 27 април и, како што рече тој, еден од нив  требало да го убие Заев. 

Можеби ќе ве интересира

Иванов уште не добил ништо „на писмено“

Иванов уште не добил ништо „на писмено“

Девет години затвор за Ѓоко Поповски во предметот „Триста“

Девет години затвор за Ѓоко Поповски во предметот „Триста“

Закажан ТВ-дуелот на Заев и Мицкоски

Закажан ТВ-дуелот на Заев и Мицкоски

Четиригодишно дете тешко повредено на булевар „Борис Трајковски“

Четиригодишно дете тешко повредено на булевар „Борис Трајковски“

Кобна сообраќајка кај Миладиновци - Кадино однесе во смрт сопружници

Кобна сообраќајка кај Миладиновци - Кадино однесе во смрт сопружници

Стоматолошката комора има нов претседател

Стоматолошката комора има нов претседател

ТОП 3 ОГЛАСИ НА ДЕНОТ: Доколку барате работа погледнете ги следниве огласи

ТОП 3 ОГЛАСИ НА ДЕНОТ: Доколку барате работа погледнете ги следниве огласи

„Укинат“ изборниот поткуп на Александар Панов

„Укинат“ изборниот поткуп на Александар Панов

АКАДЕМИК ЌУЛАВКОВА: Доста од Македонија правите салата и конфузија за подбишега на другиот, нормален, цивилизиран свет

АКАДЕМИК ЌУЛАВКОВА: Доста од Македонија правите салата и конфузија за подбишега на другиот, нормален, цивилизиран свет