18 Април, 2024
0.0255

Југ: Секој си ги извади своите, а во притвор останавме само ние жртвените јагниња

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Дали може да заклучиме дека секој си ги извади своите, а во притвор останавме само ние жртвените јагниња, рече денеска во суд, обвинетиот за настаните од 27 април лани, Игор Југ. 

Обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април, Јане Ченто и Игор Југ му поставуваа прашања на поранешниот собраниски претседател, Трајко Вељаноски кој денеска сведочи за крвавиот четврток.

Обвинетиот Југ праша дали пеењето на албанската химна било увертира за крвавиот четврток, а Вељаноски одговори дека тој ден имало многу настани.

„Не беше само еден настан тој ден, беше пресот на Заев и други настани и не мислам дека немилите настани беа предизвикани од само еден настан“, рече Вељаноски.

Југ праша дали тие што скапуваат по затворите беа само кукли, а политичарите ја водеа играта. 

Вељаноски не одговори прецизно, но се согласи дека „политиките ги водат политичарите“.

Ченто го праша Вељаноски дали, ако не беа отворени вратите во Собранието, масата ќе можеше да влезе, но Вељаноски не даде конкретен одговор.

Ченто праша и дали некој го известил Али Ахмети да замине од Собранието затоа што знаел дека нешто ќе се случува, Вељаноски кажа дека тој ден само Ахмети не бил во Собрание. Ченто  праша и дали виновник за она што се случувало на 27 април се  политичките елити кај кои, како што рече не преовлада разумот за мирна транзиција на власта за да си ги заштитат удобните фотељи, Вељаноски рече дека не може како сведок да одговори на ова прашање.

Можеби ќе ве интересира

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра