Југ: Со што да си ја купам слободата, да му дресирам кучиња на Виктор Орбан?
Објавено во: Македонија 15 Март, 2019
Ме осудивте на 12 години и понижен сум, требаше 15 и јас да изедам, изјави Игор Југ на кој му се судеше за настаните за време на упадот во Собранието на 27 април лани.
Тој рече дека постојат две најголеми предавства што човек може да ги направи, а тоа е да си ја предаде татковината, и да си го предаде семејството.
„Горд сум што никогаш не сум ги предал своите две семејства. Вие оценете дали сум човек кој би бегал, оти ние тоа во Куманово го викаме ‘голо куче‘. Терористите се кријат во банана држави и си ја плаќаат слободата со милиони. А јас со што да си ја купам слободата, да му дресирам кучиња на Виктор Орбан? “, рече Југ.
За него обвинителството бара продолжување на мерката притвор.
Осудениот Југ, во својот говор денеска рече дека во ваква ситуација, во неговата вистинска татковина – Хрватска, би бил прогласен за херој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.