Јункер: ЕУ да прифаќа нови членки за да се избегне војна во Западен Балкан
Објавено во: Балкан 17 Април, 2018
Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската Комисија изјави дека Европската Унија треба да се отвори кон прифаќањето на нови членки од Западен Балкан, за да се избегне ризикот од нови војни во регионот.
Јункер, обраќајки се во Европскиот парламент, нагласи дека доколку ЕУ не се отвори кон овие земји, кои се наоѓаат во многу комлициран и трагичен регион, и доколку не им пружи европска перспектива, постои можност за враќање на војната во ова подрачје, каква што имаше во 90-те години.