Јункер: Некои предвидувања за Западен Балкан не се остварливи
Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2019
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по
разговорите со албанскиот премиер Еди Рама изјави дека нема смисла да се антиципира она што некои го
предвидуваат во Западен Балкан меѓу Албанија и Северна Македонија.
„Ова не е изводливо и само ќе му наштети на процесот на обединување на континентот“, рече Јункер, пренесуваат медиумите од регионот.
Претседателот на Европската комисија, исто така одговори на прашање поставено од новинар, а кое се однесуваше за обединување на Албанија и Косово, но исто така и дали има можност Северна Македонија, за разлика од Албанија, да добие датум за почеток на преговорите.
Јункер при одговорот за можно обединување на Албанија со Косово, напавил лапсус, затоа портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас нагласил дека одговорот на претседателот на Европската комисија „јасно алудирал на Северна Македонија".
Премиерот на Албанија, Еди Рама, одговараше на прашања во врска со тоа што често се споменува обединување на Тирана и Приштина, а тој одговори декатој сонува „на нешто поголемо", и додаде дека тоа не е „Голема Албанија" туку голема ЕУ со Србите, Македонците и Албанците во неа.Фото Фејсбук