26 Април, 2024
0.0275

Јурaтовиќ предупредува дека населението во Македонија ќе се почувствува оставено на цедило

Објавено во: Свет 06 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Северна Македонија да се приклучи во НАТО и да се даде ЕУ перспектива.

Oва го бара пратеникот во германскиот Бундестаг, Јосип Јурaтовиќ. Тој денеска оцени дека Европската Унија, поради својата безбедност, мора да даде на Северна Македонија искрена европска перспектива и да ја вклучи во трансатлантските структури.

„Многу е важно да се создадат услови за Северна Македонија да влезе во НАТО. Помалку затоа што тоа би било од особена воена важност, но многу повеќе затоа што е потребно Северна Македонија безбедносно и политички да се прицврсти во трансатланските структури“, изјави Јуратовиќ.

Претеникот на Социјалдемократската партија на Германија во соопштението предупреди дека Северна Македонија е „многу етнички разновидна” и дека во неа „националистичките сили ќе имаат лесна работа ако населението добие впечаток дека западните земји ги оставиле на цедило”.

Вели дека доколку не се понуди искрена европска перспектива за нашата земја, тогаш ќе ослабнат демократските сили во земјава.

Дебатата за членството во НАТО во германскиот Бундестаг, се претвори во жестока кавга меѓу власта и опозицијата околу датумот за членство на Македонија во Европската Унија. Пратеникот на Зелените Јирген Тритин директно ја прозва канцеларката Ангела Меркел и нејзината ЦДУ, како главен кочничар за датумот за Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек