20 Април, 2024
0.0286

Јужна Кореја ја сопре пограничната пропаганда против Северна Кореја

Објавено во: Свет 23 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Jужна Кореја денеска ја стопира негативната пропаганда која систематски ја спроведуваше против Северна Кореја на самата граница помеѓу двете соседни семји. Одлуката е донесена неколку дена пред самитот на лидерите на двете земји, што се очекува да биде фокусиран на нуклеарната програма на Пјонгјанг.

– Јужна Кореја денеска престана да емитува пропагандни пораки против соседната држава, со цел да ги намали воените тензии и да воспостави соодветно опкружување за мировните преговори. Се надеваме дека оваа одлука ќе доведе до тоа двете страни да ги запрат меѓусебните клеветнички и пропагандни активности, како и да придонесе за воспоставување на мир и нов почеток, се посочува во соопштението на Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Пропагандата е запрена на полноќ, но нема информации дали истата ќе продолжи по претстојниот самит на двете држави. Сеул испраќа пропагандни пораки – мешавина на вести, јужнокорејска поп музика и критика против севернокорејскиот режим, преку разгласи поставени на границата откако Пјонгјанг на почетокот од 2016 година ја изведе четвртата нуклеарна проба. На таквата пропаганда Северна Кореја одговори со сопствена кампања, исто така преку звучници поставени на границата, како и испраќање на балони со летоци против Јужна Кореја.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе се сретне в петок со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во погранично село. Тоа ќе биде трет самит на лидерите на двете држави досега. Предвидено е Ким во мај или на почетокот од јуни да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. Тоа ќе биде прва средба на лидерите на Северна Кореја и на САД.


Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато