Јужниот сосед ја испрати вербалната нота
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2019
Mинистерството за надворешни работи на Грција ја испратило вербалната нота.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во неделата, во интервјуто за АНА-МПА најави дека нотата ќе биде испратена во понеделник. Сепак тоа не се случи вчера, а грчки извори претпладнево брифираа дека Атина во текот на денешниот ден, до вечер, ќе го извести Скопје дека ги заврши обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа, односно дека ги ратификуваше и договорот и Протоколот за членство во НАТО, објави МИА.
Во Брисел, утре на маргините на Самитот на минстрите за одбрана на НАТО, средба ќе одржат Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, министрите за одбрана на Македонија и Грција.