29 Март, 2024
0.0267

К-Поп сензацијата Blackpink го „освои“ TikTok

Објавено во: Мои пари 07 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Што се добива кога ќе се спои TikTok – моментално најбрзо растечката социјална мрежа на светот и Blackpink – корејска музичка поп-група која пред недела дена целосно го „урна“ YouTube, рушејќи го рекордот за најмногу прегледи за 24 часа, со дури 82,4 милиони прегледи на нивното најново музичко видео?


Одговорот е кампањата #danceAwesome, како и многуте награди, рушење рекорди и милиони позитивни реакции ширум светот. Имено, откако неодамна беше претставена соработката со планетарно популарниот К-Поп бенд BTS, во форма на специјалното издание на уредите Galaxy S20+ иGalaxy Buds+, Samsung ги здружи силите со уште една корејска сензација, започнувајќи масовен тренд на TikTok платформата. Blackpink е четиричлена музичка група која за само четири години постоење, успеа да достигне преку 40 милиони следачи на YouTube. Исто така, ова е прв женски бенд кој не пее на англиски јазик, а кој стигна до познатата топ листа на магазинот Billboard. 


Девојките од групата Blackpink измислија симпатична кореографија на „заразна“ мелодија во која ритмично се повторуваат зборовите „сјаен екран, сјајна камера, долготрајна батерија“,истакнувајќи ги функциите кои се најважни на корисниците на телефони, а кои се одликуваат и кај новата Galaxy A серија.


Како што можеше и да се очекува, одзивот на младите луѓе и Blackpink фановите ширум светот е фантастичен– 4,7 милиониод нив се приклучиле на #danceAwesome предизвикот и ја снимиле својата кореографска верзија во чест на моделите од Galaxy A серијата, анаправенисе повеќе од 20,2 милијардипрегледи на TikTok. Конечната потврда стигна и од страна на Асоцијацијата за дизајн и уметност, која ја награди кампањата за исклучителна креативност и иновација.

Во продолжение погледнете некои од најуспешните #danceAwesome TikTok видеа:




Можеби ќе ве интересира

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт