Кабинетот на Претседателот Христијан Мицкоски добива нов шеф
Објавено во: Македонија 12 Март, 2018
На вчерашната одржана
седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , досегашниот член на Извршниот
комитет Златко Перински е назначен за шеф на кабинетот на Претседателот
Христијан Мицкоски, со што беше констатиран престанокот на неговиот мандат во
Извршниот комитет.
Поранешниот директор на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински, е магистер по човечки ресурси и долгогодишен
член на ВМРО-ДПМНЕ. Перински станува член на ОК Аеродром во 2005 година. Во
истата година станува и член на Републичката комисија на млади и спорт при УМС
на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2015 година станува член на општинскиот комитет Аеродром и е
назначен за потсекретар на ВМРО-ДПМНЕ функција која ја извршува до неговото
назначување за член во Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година.