Кацарска за Камчев: Mожеби и некој сакаше да го намести и да рече дека тој нуди парични средства
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2019
Ако ми кажеа дека му бараат пари, јас ќе го советував да не дава, изјави судијката Добрила Кацарска синоќа во интервју на телевизија Алсат.
Таа рече дека доколку Орце Камчев и кажел дека му бараат пари, ќе го советувала да не дава. Вели дека можеби и некој сакал да го намести Камчев дека нуди мито.
„Од друга страна, можеби и некој сакаше да го намести и да рече дека тој нуди парични средства. Треба да им бидам благодарна што не ме вмешаа. А, факт е дека јас бев постојано со неговата сестра и мајка додека беше во притвор#, вели Кацарска.
Судијката Добрила Кацарска во вечерашното интервју на емисијата 360 степени порача дека треба да има ветинг во судството, но и дека судиите треба многу да променат во своето однесување.