20 Април, 2024
0.0287

Каде е Катица Јанева!?

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

По изминати 48 часа од поднесената оставка во Специјалното јавно обвинителство и избивањето на аферата „Рекет“, се уште нема обраќање во јавноста од страна на Катица Јанева, иако има многу нејасни прашања на кои треба да им се даде одговор.

Ленче Ристеска од СЈО на вчерашниот брифинг со новинарите кажа дека денеска нема стапено во контакт со Катица Јанева, а за нејзината оставка, вработените во СЈО дознале во исто време кога тоа било објавено во јавноста.

Од Јавното обвинителство денеска ја демантираат синоќешната гласина дека Јанева се јавила на два телефонски броеви за ургенции. Истрагата, велат од таму, засега се води за две лица за кои се обезбедени аудио и видео материјали, но може да се прошири и на други лица ако се обезбедат цврсти докази.

Од ОЈО велат дека истрагата во моментов не се води против јавен обвинител, ниту пак против пратеници, но не се исклучува можноста во водењето на постапката да се докаже и инволвираност на овие лица.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека не се чул со Катица Јанева вечерта кога беше објавен случајот. Премиерот им порача на новинарите да ги прашат и дипломатите во земјава ако сакаат да дознаат на кого се јавила Катица Јанева.

На денот на приведувањето на двајцата осмоничени лица за „Рекет“, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева си даде неотповиклива оставка, а само неколку часа подоцна од нејзиниот дом и беше одземен телефонот.


Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница