Каде е однесен споменикот на Ќосето?
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2018
Споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во утринските часови беше однесен во магацин во Металскиот завод Тито, чека сопствениците да дојдат по него.
Споменикот ќе се чува таму определено време, со можност сопствениците да дојдат и да си го земат.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска изјави дека нема да се толерираат повеќе дивоградби.
Овој споменик во 2014 година Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.